Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странци предизвикуваат насилство во протестите во Истамбул, 3 лица веќе починаа!

Странци предизвикуваат насилство во протестите во Истамбул, 3 лица веќе починаа!

Официјално трет смртен случај  за време на демонстрациите во Турција, иако се стравува дека реалната бројка е поголема. Турскиот активист Етем Сарисулук кој беше повреден за време на протестите во Турција, им подлегна на повредите, соопшти Турската лекарска комора.

Властите  објавија дека тешко повредениот Сарисулук починал како последица на силни удари во главата.

Првата жртва беше 20-годишниот Мехмет Ајвалитас, а  втората 22-годишниот Абдула Џомерт, припадник на опозициската Републиканска народна партија.

Турската организација за човекови права соопшти дека во текот на демонстрациите ширум Турција, повредени се најмалку 1.300, а приведени 3.300.

Ситуацијата сеуште не е смирена, а полицита и демонстрантите  повторно се судрија, иако во текот на ноќта заедно пееја, играа оро и си разменуваа каранфили.

Турскиот весник „Заман“ денеска пишува за провокатори кои сакале во крв да ги натопат протестните активности во Турција. Во истанбулскиот кварт Бејоглу биле фатени шестмина странски државјани со дипломатски пасоши, кои демонстрантите ги подбуцнувале на насилство. Има сомнение дека овие лица, кои се државјани на Велика Британија, САД, Франција и Грција, се странски агенти. Четворица од нив се оставени во притвор.

Од местото каде тие биле приведени, се земени материјали и гасни бомби, што се претпоставува дека требало да бидат активирани во погоден момент во демонстрациите.

Вкупно 15 странци се приведени во протестите во цела Турција, информира „Заман“.

Слично

Поврзани вести