Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотици возачи блокирани во Италија

Стотици возачи блокирани во Италија

Поради грчкиот штрајк фериботите не работат деновиве.

Многу возачи се блокирани на италијанските пристаништа Бари, Анкиона и Бриндизи. Причина е штрајкот на грчките синдикати, поради што не сообраќаат меѓународните траекти. Тие ќе профункционираат  најрано во средата.

„На пристаништето има околу 150 камиони. На бензинските пумпи во околината има уште толку. Тие преферираат на бензинските пумпи да запираат, бидејќи се подобро заштитени, стравуваат за товарот кој го носат"- објасни вработена на пристаништето во Бриндези.

Првите фериботи од Италија кон Грција ќе заминат најрано во средата наутро. Не се знае дали сите  ќе бидат транспортирани тогаш, можно е дел од нив да останат за четврток.

Слично

Поврзани вести