Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотици мигранти спасени крај брегот на Сицилија

Стотици мигранти спасени крај брегот на Сицилија

Шверцерите на луѓе откриваат нов правец кон Италија.

Околу 730 лица беа спасени вчера покрај бреговите на Сицилија, а германски весник соопшти дека поради ограничувањата за премин преку т.н.. Балкански пат шверцерите планираат да пренасочат повеќе мигранти кон брегот на Италија.

Италијанската крајбрежна стража и морнарицата одржаа шеста операција за спасување на луѓе во гумени чамци. Извадени од водите на Средоземното Море се мигранти, вклучувајќи 118 жени и 4  деца, кои ќе пристигнат денеска во италијанскиот град Поцало.

Шверцерите планираат од почетокот на април да користат рибарски бродови и мали товарни бродови за превоз на мигранти до Италија. Појдовни точки ќе бидат турското одморалиште Анталија, градот Мерсин до сириската граница и грчката престолнина, Атина, пишуваат медумите.

Слично

Поврзани вести