Стотици илјади Португалци на протест, бараат помали даноци и оставка од Владата
Стотици илјади Португалци излегоа вчера на улиците на Лисабон и во другите градови барајќи крај на мерките за штедење, наметнати од барањата за добивање на меѓународната финансиска помош. тие побараа и оставка на централно-десничарската влада. На митингот кој следи по најголемите зголемување на даноците досега, граѓаните јавно изразија незадоволство против Владините мерки .
Над 200 илјади демонстранти во Лисабон го исполнија плоштадот „Praca де Comercio“, каде се наоѓа Министерството за финансии и извикуваа: „Време е Владата да си оди.“
Протестите, кои се совпаѓаат со кварталениот извештај на инспекторите на ЕУ и ММФ, се први големи демонстрации откако Владата минатиот месец објави дека оваа година економска криза ќе биде речиси двојно поголема од претходните предвидувања. Предвидениот пад од 1,9 отсто, уште повеќе ќе ја продлабочи најголемата рецесија во земјата уште од седумдесеттите години на минатиот век, а која веќе ја тресе земјата трета година.
Зголемувањето на даноците и кратењата на трошоците се услов за добивање 78 милијарди евра кои треба да помогнат во намалување на потрошувачката и невработеноста која стигна рекордни 17 проценти. Пртотестите во Лисабон, Порто и уште десетина градови беа организирани од страна на група интернет активисти.
Слично
