Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотици Британци сакаат кипарски пасоши

Стотици Британци сакаат кипарски пасоши

Стотици Британци имаат кипарски корени и ги посетуваат секојдневно дипломатските претставништва на Република Кипар со барање за добивање државјанство, соопштува Deutsche Welle.

Државната кипарска телевизија RIK пренесе дека во просек на ден вработените добиваат по 300 вакви барања.

Експертите коментираат дека стремејќи се за кипарско државјанство Британците сакаат да имаат пасош, кој ќе им овозможи да се движат слободно во рамките на ЕУ и по излегувањето на нивната земја од унијата.

Медиумите потсетуваат дека Кипар беше британска колонија до 1960 година.

По Брезгит дел од Британците бараат и белгиски државјанства.

На референдумот 51,7% од гласачите биле за излегување, а 48,3% за останување во унијата.

Слично

Поврзани вести