Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотина се сомничат за помагање на противникот на Ердоган

Стотина се сомничат за помагање на противникот на Ердоган

Уапсени се стотина луѓе во 9 провинции во Турција утрово во полициска акција која уште трае.

Според државните обвинители, лицата се товарат за финансирање на Фетула Гилен од 2004 до 2015 година и  му обезбедиле околу 15 милиони евра. Налог за апсење е издаден против 140 луѓе осомничени дека се припадници на движењето на најголемиот опонент на Реџеп Таип Ердоган, Гилен. Помеѓу нив се и бизнисмени и банкари во „Асиа“, една од водечките турски банки која од минатата година е под владина контрола.

Ердоган смета дека некогашниот негов близок соработник Фетула Гилен, градел паралелна држава со намера да го тргне од власт.

Слично

Поврзани вести