Стотина навивачи позитивни на Ковид-19 по следењето натпревари од Европското првенство
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрази денеска задоволство од малиот број заразени со коронавирус на Европското првенство, кое продолжува викендов со натпреварите од нокаут фазата.
– Вкупниот процент на позитивни тестови по одигрувањето на групната фаза на Европското првенство и натаму е низок, се вели во соопштението од УЕФА.
Инаку единствено до сега данските и финските власти соопштија за први позитивни случаи на коронавирус кај навивачи, кои следеле натпревари од групната фаза на ЕУРО2020 во Копенхаген и во Санкт Петерсбург.
Здравствените власти повикаа неколку илјади навивачи, кои ги следеле натпреварот против Белгија и Русија да се тестираат, по што е потврдено присуство на делта сојот на Ковид-19 кај седуммина од нив
Финскиот информативен јавен сервис извести за 80 позитивни, кои изминатите денови влегле во Финска од Русија, каде следеле натпревари од Европското првенство.
