Стотина лица повредени во земјотрес во Калифорнија
Северот на Калифорнија вчера беше погоден од најјакиот земјотрес во изминатите векови, јачина од шест степени по Рихтер, во кој се повредени 120 лица, избиле повеќе пожари, оштетени се неколку историски згради, а без електрична енергија останале повеќе илјади домови и фабрики во заливот Сан Франциско.
Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласил вонредна состојба.
Најмалку 120 лица се добиле со повреди, воглавно исекотини и модрици, но две лица се хоспитализирани поради срцев удар, а тројца поради фрактура.
Тројца лица, двајца возрасни и едно дете се потешко повредени. Детето здобило повреди кога врз него се срушил дел од камион, па е префрлено во специјална Клиника на неврологија.
Шефот на противпожарната служба во Напи навел дека во градот имало шест поголеми пожари и дека штетата е голема.
