Стотици загинати во земјотрес во Кина
Најмалку 381 лице загина во катастрофален земјотрес што ја погоди југозападната кинеска провинција Јунан. Илјадници се повредени, а во тек е масовна акција за спасување.
Според Американскиот геолошки завод земјотресот бил со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, додека Кинеската сеизмолошка служба го процени на 6,5 степени.
Материјалната штета од потресот е огромна - целосно урнати се над 12.000 куќи, додека околу 30.000 се оштетени. Илјадници спасувачи од утрово ги пребаруваат урнатините во надеж дека ќе најдат уште преживеани. Но, спасувањето е отежнато заради пороен дожд и лизгање на земјиштето.
Епицентарот на земјотресот бил на мала длабочина од само 10 километри, под градот Лонтоушан, кој е најмногу погоден.
Слично
