Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА РАСПОЛАГАЊЕ - ЕЦБ прави шема за справување со корона кризата

СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА РАСПОЛАГАЊЕ - ЕЦБ прави шема за справување со корона кризата

Официјални претставници на Европската централна банка подготвуваат шема за справување со економските последици од коронавирусот, и тоа потенцијално со стотици милијарди евра, неплатени заеми, изјавиле за Ројтерс две лица кои се запознаени со ова прашање.

Проектот, кој доаѓа кога Европа мобилизира трилиони евра за да ја зајакне економијата на регионот, има за цел да ги заштити комерцијалните банки од евентуален втор бран последици од кризата, доколку зголемената невработеност ги спречи нивните приходи потребни за отплата на заемите.

Еден од луѓето запознати со планот рекол дека ЕЦБ формирала работна група за да ја разгледа идејата за „лоша банка“ за складирање на неплатениот долг во евра и дека работата на оваа шема е забрзана во последните неколку недели.

ЕЦБ одби да коментира дали работи на шемата за формирањње на таква лоша банка.

Износот на долг во еврозоната, за кој се смета дека веќе е малку веројатно да се отплати, изнесува повеќе од половина трилион евра, вклучувајќи кредитни картички, автомобилски заеми, како и хипотеки.

Ова ќе се зголеми, бидејќи избувнувањето на КОВИД-19 ги „​​стиснува“ заемопримачите и може дури и да се зголеми на еден трилион евра, тежијќи им на веќе кревките банки и спречувајќи ново кредитирање, велат луѓето запознаени со плановите на ЕЦБ.

Додека идејата за лоша банка во еврозоната се дискутираше и беше зачувана пред повеќе од две години, ЕЦБ, под нејзината нова претседателка Кристин Лагард, во последните неколку недели се консултираше со банките и претставниците на ЕУ во врска со шемата, изјавил еден од запознаените.

Како најсилна институција во еврозоната, поддршката на ЕЦБ за овој проект е круцијална, но исто така ќе бара и благослов на Германија, најголемата економија на блокот.

Берлин долго време се спротивставува на шемите кои прифаќаат заедничка одговорност за долговите во други земји, иако неодамна имаше неочекувана промена „во срцето“, согласувајќи се да ги здружи заемите на ЕУ за фондот за закрепнување од коронавирусот.

Слично

Поврзани вести