Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат масовните протести во Киев

Продолжуваат масовните протести во Киев
Неколку стотици илјади проевропски демонстранти, бројка која според организаторите достигнала и милион лица,  се собраа синоќа во центарот на Киев да побараат оставка на претседателот Виктор Јанукович. Го обвинија дека ја продал Украина на Русија , пренесе Франс прес . Плоштад „Независност " ( исто така познат како " Мајда "), како и блиските булеварите и улиците беа полни со луѓе , јави АФП . Демонстрантите ја пееле украинскиот химна заедно со присутните  писатели , филозофи и религиозни лица, а меѓу лидерите на опозицијата била и ќерката на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која се уште е во затвор. „Нашата крајна цел е итна оставка на украинскиот претседател " , рече Евгенија Тимошенко , во своето обраќање кон демионстрантите. „Оставка ! Оставка ! " - скандираа присутните. „Не се даваме, не правиме  чекор назад , не преговараме со власт , чии раце се извалкани со крв " , продолжи таа, мислејќи на полициското насилство против учениците од пред една недела, јавува агелцијата. Другиот опозициски водач , боксерот Виталиј Кличко , повика на генерален штрајк . „Сигурен сум дека сме способни да отфрлиме власта" , изјави Кличко . Според податоци на украинското Министерство за внатрешни работи , цитирано од ИТАР- ТАСС , во вчерашните демонстрации во Киев учествувале 50 000 луѓе. За протестите службата за заштита на јавниот ред во Киев мобилизирала 5.000 полицајци. За време на немирите синоќа, демонстрантите ја урнаа статуата на Ленин како симбиличен чин кон претседателот Јануковиќ и приближувањето кон Москва. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо кој телефонски разговорал со Јанукович, смета дека е неопходно политичко решение. Според шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон неделава треба да оди во Киев, каде треба да се најде решение за кризата.
Слично

Поврзани вести