Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотици евакуирани во западна Индонезија по земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер

Стотици евакуирани во западна Индонезија по земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер

Околу 200 луѓе се евакуирани на повисоките места по земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ги погоди островите во западна Индонезија рано утрово, предизвикувајќи материјална штета, соопшти тамошната агенција за ублажување на катастрофи БНПБ.

Земјотресот на островите Ментаваи западно од Суматра се случи на длабочина од 27 километри и беше проследен со земјотрес со јачина од 5,3 степени во истата област, соопштија властите. Нема опасност од цунами, пренесува „Ројтерс“.

Едно лице е повредено во главата од паѓање на дрва, а меѓу полесно оштетените имоти има училиште и здравствен дом, соопшти агенцијата за катастрофи.

Жителката на Ментаваи, Нурџули Хасана, изјави за Ројтерс дека земјотресот се почувствувал силен и ја стресе нејзината дрвена куќа. „Некои од (жителите) сè уште се во засолниште за евакуација, а некои се вратија дома“, рече таа.

Исто така во неделата, источно од огромниот индонезиски архипелаг, земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Источна Нова Гвинеја во Папуа Нова Гвинеја, наводно оштетувајќи имот и шири паника меѓу жителите.

Индонезија се протега низ „Огнениот прстен на Пацификот“, каде што се спојуваат различни тектонски плочи од Земјината кора и создаваат честа сеизмичка активност.

Слично

Поврзани вести