Сторми Даниелс била притисната да молчи за врската со Трамп
Скандалот за Доналд Трамп и порно-ѕзведата Сторми Даниелс не стивнува. 38-годишната порно актерка е главна тема во американските медиуми, откако откри тајни од минатото на Трамп. Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуална врска со американскиот претседател Доналд Трамп во времето кога тој не бил во политиката, изјави дека во 2011 година и се заканувале за да молчи.
Во интервју за Си-Би-Ес, таа изјави дека со детето одела на фитнес во Лас Вегас, кога на паркинг и се приближил непознат маж.
„Тој дојде до мене и ми рече: Остави го Трамп на мир. Заборави ја таа историја. Потоа се наведна, ја погледна ќерка ми, и рече: Колку убаво девојче. Ќе биде штета доколку и се случи нешто на мајка и, и си замина“, раскажа порно-ѕвездата.
Даниелс, односно Стефани Клифорд, како што и е вистинското име, вели дека само еднаш, во јули 2006 година, имала интимна средба со Трамп, но останале во врска околу една година. Неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, адвокат на Трамп и платил 130.000 долари за да молчи. Претходно адвокатот соопшти дека тој и платил на Сторми Даниелс, а претседателот ништо не знаел за тоа.
Таа поднесе и тужба против американскиот претседател, во која бара да се поништи договорот кој, како што тврди, го потпишала со него неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, со образложение дека не е валиден, а кој ја спречува да зборува за средбите со Трамп.
Белата куќа не сакаше да го коментира интервјуто.
