Стоп за влез на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген
Австрија не сака влез на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген.
Министерството за внатрешни работи денеска објави дека Австрија се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, јави ДПА.
„Хрватска е една од најголемите придобивки за Шенген, а Австрија не ја гледа Хрватска како проблем“, изјави денеска вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Тој смета дека Австријците тоа ќе го покажат на дело. Австрија сега се соочува со зголемен број бегалци, кои пристигнуваат низ други земји на ЕУ по таканаречената „Балканска маршрута” за влез во земјава. Според податоците на австриското МВР, од почетокот на годинава до австриската граница стигнале повеќе од 90.000 луѓе. Од нив, 75.000 не се претходно регистрирани во ниту една друга земја на ЕУ.
Гласањето за пристапување на трите земји во Шенген зоната е закажано за 8 декември. Одлуката мора да биде едногласна. Во Шенген зоната, која ја сочинуваат 26 земји, во голема мера нема гранични проверки, а тоа им овозможува на луѓето да патуваат, работат и живеат во друга држава без визи или дозволи.
Бугарија, Романија, Хрватска, Ирска и Кипар се единствените држави од ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, а во зоната се земји кои не се членки на ЕУ, како Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.
