СТОП ЗА УКРАИНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ: Владата на Маѓар воведе забрана за увоз
Унгарската влада воведе забрана на увоз на украински земјоделски производи.
„Унгарската влада одлучи да забрани увоз на украински земјоделски производи“, објави синоќа премиерот Петер Маѓар на својот профил на „Икс“.
Забраната се однесува на житарки, месо, јајца и други земјоделски производи, а беше воведена за заштита на домашните земјоделци.
Ова е најновиот во низата потези на неколку земји од Централна и Источна Европа за ограничување на увозот од Украина за заштита на домашното земјоделство.
Во исто време, владата ја повлече претходната намера на Унгарија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Оваа забрана беше повторно воведена откако претходната, од времето на Виктор Орбан, истече поради, како што е наведено, „административна грешка“.
Според Маѓар, правата на Унгарците во Украина се услов за преговори со ЕУ.Земјоделството во Украина е камен-темелник и на националната eкономија.
foto printskrin youtube
