Стоп за мигранти: Австрија ги запре обработките за азил
Австрија престана со обработка на барањата за азил за да изврши притисок на дугите членки на ЕВ да направат повеќе за ублажување на приливот на бегалци на Стариот континет, рекол денес австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Мики Лајтнер.
Таа нагласила дека Виена треба да го запре „австрискиот азилантски експрес“ и да стане помалку атрактивен за бегалците во однос на останатите членки на ЕУ.
Таа го обновила барањето на другите членки да ги усвојат предлозите на ЕК за прием на азиланти. Досега имаше само изолирани објави на намери за прием на бегалци“; рекла таа пред планираниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во вторникот. Според податоците австриската Влада во првите четири месеци на оваа година бројот на барања за азил пораснал за речиси 160 одсто на 14 225. ЕК предложи дека 40 000 азиланти во наредните две години се прераспределиле од Италија и Грција на преостанатите членки на ЕУ. Членките на ЕУ мора да го одобрат предлогот пред да биде одобрен, но се очекува дека неколку од нив ќе бидат против. Франција и Грција, кои се најголеми членки на ЕУ и според планот треба да земат околу 40 одсто, изразиле загриженост кон предлогот на ЕК. Британија која во ЕУ е исклучена од прашањата за миграции, соопштила дека нема да учествува во планот на Брисел.
Слично
