Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг вели дека војната во Украина може да трае со години

Столтенберг вели дека војната во Украина може да трае со години

Генералниот секретар на НАТО, Jенс Столтенберг вели дека војната во Украина може да трае со месеци, па и со години. Тој вели дека мора да бидат подготвени на долг рок. 

„НАТО со години е подготвен да ја поддржи Украина во војната со Русија, вклучително и помагање на Киев да премине од оружје од советската ера кон модерни западни оружја и системи“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Кремљ претходно предупреди дека снабдувањето со оружје на Украина, вклучително и тешкото оружје, претставува закана за безбедноста на европскиот континент и „провоцира нестабилност“.

Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Во областа на Киев се најдени 1.150 тела на цивили. 

Слично

Поврзани вести