Столтенберг вели дека Русија сега ќе се фокусира на Донбас
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека во следните недели Русија повторно ќе се обиде да се фокусира на целосно окупирање на регионот Донбас.
„Сега гледаме значителна промена на руските трупи од Киев за да се прегрупираат, повторно да се вооружат, да се снабдат и да се префрли фокусот на исток“, рече Столтенберг.
Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Лиганск, региони во Украина. Пред неколку дена руската војска се повлече од регионот на Киев и Чернихив. Во Буча се случи масакр на цивили.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова потврди дека нејзината земја ќе испрати тенкови за Украина.
Слично
