Столтенберг смета дека во Украина ќе има долготрајна војна на исцрпување
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека западните земји мора да се подготват за долготрајна војна на исцрпување во Украина. Рече дека мора да бидат подготвени на долг рок.
Столтенберг додаде дека Алијансата е во контакт со Турција за да се најде „обединет начин“ за да се одговори на загриженоста на Анкара во врска со обидот на Шведска и Финска да се приклучат на пактот.
Испораката на оружје ќе ѝ донесе на Украина повеќе страдања, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков денеска изјави дека испораките на оружје за Украина не ги менуваат параметрите на руската специјална операција. Вели дека употребата на тоа оружје против Русија само ќе ја влоши ситуацијата.Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина.
Слично
