Столтенберг: Русите не го заземаа Киев, се повлекуваат од Харков, офанзивата во Донбас е запрена
Украина може да победи во оваа војна, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Според него, руската инвазија во Украина не оди како што планира Москва.
„Не успеаја да го заземат Киев. Тие се повлекуваат од околината на Харков, нивната голема офанзива во Донбас е запрена. Русија не ги постигнува своите стратешки цели. Украинците храбро ја бранат својата татковина. За да им помогнат во тоа, сојузниците се обврзаа и доставија безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари“, рече Столтенберг.
Кажа дека вратата на НАТО е отворена за Шведска и Финска, нарекувајќи ја нивната одлука да аплицираат „историска“.
Сепак, за овие две земји Турција има услов.
Слично
