СТОЛТЕНБЕРГ: Правото на самоодбрана на Украина не застанува на границата
НАТО ја оправдува украинската офанзива во Курск во Русија.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја одобрува офанзивата на Украина во регионот Курск во Русија, наведувајќи го правото на Киев да се брани.
„Руските војници, тенкови и воени бази се легитимни цели според меѓународното право“, вели Столтенберг за германскиот весник „Ди Велт“.
Вели дека правото на самоодбрана на Украина, не застанува на границата.
Според Столтенберг, украинската контраофанзива не била планирана со НАТО и Алијансата нема никаква улога.
„Сепак, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од витално значење за да се спречи руската инвазија“, додаде Столтенберг.
Слично
