Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Она што се случува во Украина е страшно, но би било многу полошо доколку дојде до војна меѓу Русија и НАТО

Столтенберг: Она што се случува во Украина е страшно, но би било многу полошо доколку дојде до војна меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека војната во Украина е најопасниот период во Европа по Втората светска војна.

Тој рече дека во нивни интерес е агресивната политика да не успее. Столтенберг рече дека Алијансата мора да го спречи ширењето на војната.

„Она што се случува во Украина е страшно, но би било многу полошо доколку дојде до војна меѓу Русија и НАТО“, рече Столтенберг. 

Тој и поттикна Финска и Шведска да аплицираат за членство во НАТО, при што 23 од 30-те земји-членки, вклучително и Соединетите Американски Држави, досега го ратификуваа барањето. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести