Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Кина е безбедносен предизвик

Столтенберг: Кина е безбедносен предизвик

Соработката на Кина со Москва по руската инвазија на Украина и кинеските коментари против проширувањето на НАТО покажуваат зошто западната одбранбена алијанса треба да го гледа Пекинг како безбедносен предизвик, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

- Тоа значи дека ова само ја зголемува важноста на сојузниците во НАТО да застанат заедно и да сфатат дека Кина е дел од безбедносните предизвици со кои треба да се соочиме денес и во иднина - рече Столтенберг во интервју за Ројтерс.

Столтенберг укажа и на „агресивното однесување“ на Кина во Јужното Кинеско Море и кон нејзините соседи, како и „начинот на кој тие ги кршат основните човекови права“.

Слично

Поврзани вести