Столтенберг ја обвини Русија дека не доаѓа до мир во Сирија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија за поткопување на напорите за постигнување мирно решение во Сирија со нанесување на удари против опозициски групи, а не против „Исламска држава“.
Според него траен мир може да се постигне само ако овие активности запрат.
Неговата изјава доаѓа по постигнувањето на договор на меѓународната група за поддршка на Сирија за привремено прекинување на огнот и забрзувањето на хуманитарните снабдување за земјата. Столтенберг о поздрави планот и посочи дека тој мора да биде исполнет во целост.
Слично
