Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг е свесен дека НАТО е на дофат на ракетите на Ким

Столтенберг е свесен дека НАТО е на дофат на ракетите на Ким

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на НАТО и Европа се на дофат на севернокорејските ракети, но и покрај тоа Алијансата има способност и решеност да нанесат контраудар во случај ако има провокации, пренесе РИА Новости.

“Признаваме дека Европа се наоѓа во опсегот на ракетите на Северна Кореја. Земјите од НАТО, исто така, се под закана”, рече Столтенберг во интервју за јапонскиот весник Yomiuri Shimbun и додаде дека “НАТО има способност и посветеност за контра-напад “.

Во, исто време, генералниот секретар на Алијансата нагласи дека е потребно зајакнување на притисокот врз Пјонгјанг, кој ќе биде извршен преку економски санкции за да се започнат преговори со севернокорејското раководство.


Слично

Поврзани вести