СТО: Понизок раст на светската трговија во 2013 година
Глобалната трговија оваа година ќе порасне за 3,3 отсто, предвидува Светската трговска организација, која ја намалила претходната прогноза за раст од 4,5 отсто поради долготрајните проблеми во Европа.
Тоа е втор пат СТО да ја намали прогнозата за раст на трговијата во 2013 година, по првобитните оценки од 5,6 отсто.
-Подобрата економска прогноза за САД во 2013 година само делумно ќе ја намали долготрајната слабост во Европската унија, чија економија, според прогнозите, ќе стагнира па дури и ќе забележи благ пад“, наведува СТО.
-Економскиот раст на Кина и понатаму ќе биде највисок меѓу водечките економии, но извозот на таа земја ќе биде ограничен поради слабата побарувачка од Европа“, додава организацијата, напоменувајќи дека и покрај тоа 2013 година ќе биде скоро идентична како и претходната кога станува збор за трговијата.
Слично
