Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стјуардеса од Бугарија паднала од авион, можеби се работи за самоубиство

Стјуардеса од Бугарија паднала од авион, можеби се работи за самоубиство

Стјуардеса на авио-компанијата „Emirates“ паднала од вратата за евакуација на паркираниот „Boeing 777“ на Меѓународниот аерoдром Ентебе. Таа веднаш била префрлена во болница во Уганда.
Компанијата објавила дека стјуардесата паднала низ отворената врата додека ги подготвувала патниците за лет од Ентебе.

– Ја даваме сета можна поддршка за неа и целиот екипаж и нудиме полна соработка со властите во текот на истрагата, се наведува во соопштението.

Некои медиумите пишуваат дека стјуардесата, инаку по потекло од Бугарија, извршила самоубиство, меѓутоа компанијата ги негирала тие наводи и рекла дека жената е пренесена во болница.

Истрагата е во тек.


Слично

Поврзани вести