Стигнуваат тестенини од 3Д печатач
Најголемиот светски производител на тестенини, италијанската компанија Барила, работи на прототип на 3Д печатач кој би изработувал единствена тестенина по нарачка.
Во време кога од 3Д печатач може да се добие прототип на производ, печатени плочи за електронски уреди, намалена реплика на сам себе, делови за авиони или дури и слатки во посакуваниот облик, логично е да може да „се испечатат“ и тестенини какви што ќе посакаме, пренесува порталот bug.hr.
Токму тоа е целта на италијанската компанија Барила која, во соработка со холандскиот институт ТНО од Ајндховен, започна да работи на прототип уред кој би овозможил 3Д печатење на тестенини.
Целта е да се направи 3Д печатач, наменет за рестораните, кои сакаат на гостите да им понудат единствена услуга - тестенини во облик и вкус по нивна желба, и тоа з амногу кратко време по нарачката.
Слично како и кај останатите 3Д печатачи, уредот не би бил главен извор на заработка за Барила, туку компанијата низ оваа програма ќе ги промовира своите тестенини и ќе заработува примарно од продажба на мешавина од теста кои би можеле да се печатат во тој уред.
Во компанијата се надеваат дека првиот прототип ќе биде претставен во најкраток можен рок.
А.А.
Слично
