Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТИГНУВААТ ШВЕЃАНИ: Државата им купува работа за 1300 евра

СТИГНУВААТ ШВЕЃАНИ: Државата им купува работа за 1300 евра

Додека хрватските угостители размислуваат дали да ангажираат работници од Бугарија или Филипини, има шанси да најдат работници од Франција, Италија и Шведска. 

На лицата кои се невработени или се постари од 35 години, може да им се овозможи да добиваат по 1300 евра и да се преселат во друга земја членка од ЕУ. 

Конкурсот е отворен до мај идната година, а на него можат да се пријават фирми кои би земале работник од Шведска или пак граѓаните да се пријават доколку сакаат да одат во некоја земја од ЕУ на овој начин. 

Шведска ќе соработува со Ирска, Романија и Словенија. 

Од друга страна Франција пак им овозможува на своите граѓани гастарбајтерство во Канада, Белгија и Луксембург, онаму каде се говори француски. 

Слично

Поврзани вести