Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигнува голема воена сила во подем

Стигнува голема воена сила во подем
По „арапската пролет“, Обединетите Арапски Емирати започнаа да ја зајакнуваат својата воена сила. Имено, според Бизнис Инсајдер, нацијата чија воена присутност на меѓународната сцена беше прилично ограничена, сега набави оружје, воена опрема, борбени авиони и тешко вооружување. Земјата со помалку од десет милиони жители покажува дека е подготвена да ја користи воената сила во регионот, особено кога станува збор за прашањето на екстремните милитанти, односно Исламската држава. Најголемата потврда за тоа се случи кога Обединетите Арапски Емирати, заедно со Египет, ги бомбардираа исламските милитанти во Либија. Минатата година, според висината на своите издвојувања за одбраната, Обединетите Арапски Емирати беа 15-та земја во светот. Во изминатите десет години вложувањата во одбраната речиси ги дуплираа и во тој дел на светот се наоѓаат веднаш зад Саудиска Арабиј според буџетот за одбрана, кој изнесува повеќе од 14 милијарди долари. Следната година се проценува дека Обединетите Арапски Емирати би можеле да бидат трет најголем светски извозник на оружје. Дубаи и Абу Даби така стануваат градови на Блискиот Исток чија воена моќ несомнено се зголемува. Освен што нарачуваат воени бродови и авиони од САД, во Абу Даби имаат намера да основаат и сопствена вселенска агенција до 2021 година, којатреба да организира пробни летови до Марс.
Слично

Поврзани вести