Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигнаа резултатите од деталната анализа на црните кутии на урнатиот Ербас на „Германвингс“

Стигнаа резултатите од деталната анализа на црните кутии на урнатиот Ербас на „Германвингс“
Деталните прегледи на двете црни кутии од авионот на „Германвингс“ кој пред месец дена се урна во француските Апли јасно докажуваат дека копилотот намерно го урнал авионот, изјавил денеска германскиот министер за сообраќај Александар Добриндт. Сега е совршено јасно дека 27-годишниот копилот Андреас Лубиц намерно ги активирал командите, изјавил Добриндт на состанокот на парламентарниот одбор за сообраќај за Берлин. Лубиц ја наместил брзината и насоката. И уредот за снимање на звук како и уредот за регистрирање на податоци за летот „уверливо укажуваат“ на неговата компетентност и присебност, рекол министерот. Тој најавува пробен лет во текот на мај по рутата која летал кобниот лет на „Германвингс“ како би се разјасниле преостанатите прашања. Меѓу нив се и снимени звуци за кои не е пронајдено објаснување на уредот за регистрирање на податоци. „Релативно брзо“ ќе биде објавен привичниот извештај за летот, со неколку недели задоцнување, но во пропишаниот рок од година дена, рекол министерот. Тој заедно со Карстен Спохром, претседателот на управата на Луфтханза, поднесе извештај на парламентарниот одбор. Да се потсетиме на кобниот лет: [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/25/video-rasfrlani-ostatotsi-trkala-objavena-najdetalna-snimka-od-padot-na-avionot/" target="blank" ](ВИДЕО) Расфрлани остатоци, тркала – Објавена најдетална снимка од падот на авионот![/button]
Слично

Поврзани вести