Стенли Фишер номиниран за потпретседател на ФЕД на САД
Гувернерот на централната банка на Израел, проф. Стенли Фишер е номиниран за функцијата потпретседател на Федералните резерви на САД .
Ова го соопшти весникот Wall Street Journal повикувајќи се на свој извор . Според информациите , американскиот претседател Барак Обама е многу блиску до тоа , да ја објави веста .
Фишер беше советник за докторски тези на Бен Бернанке. Стенли Фишер се кандидираше за извршен директор на ММФ на 11 јуни 2011 , откако претходниот директор на ММФ Штрос -Кан поднесе оставка по секс -скандалот и апсењето.
Во трката за функцијата се натпреварува со француската кандидатура ( поддржана од Европа ) на министерката Кристин Лагард .
Слично
