„СТЕЛТ ОМИКРОН“-СЕСТРИНСКАТА ВАРИЈАНТА Е УШТЕ ПОЗАРАЗНА: Веќе е присутна во соседството
Високо
преносливата омикронска варијанта на корона вирусот - чија најчеста форма е
позната како БА.1 - сега ги опфаќа скоро сите инфекции со Ковид на глобално
ниво, а првиот случај беше потврден во Хрватска во понеделникот.
Иако случаите на инфекција веќе го достигнаа врвот во некои земји, научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „сестрата“ на омикрон, позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
На глобално ниво, BA.1 опфаќа 98,8% од секвенционираните случаи поднесени до јавната база на податоци за следење на GISAID заклучно со 25-ти јануари. Сепак, неколку земји известуваат за неодамнешно зголемување на случаите на БА.2.
Покрај BA.1 и BA.2, СЗО наведува уште две подваријанти, „блиски роднини„ на Омикрон, а тоа се варијантите- BA.1.1.529 и BA.3. Сите тие се генетски тесно поврзани, но секој сој има мутации кои би можеле да го променат нивното однесување, пишува „Гардијан“.
Тревор Бедфорд, виролог во Центарот Фред Хачинсон во САД, кој ја следи еволуцијата на Сарс-КоВ-2 наведува дека BA.2 претставува приближно 82% од случаите во Данска, 9% во Велика Британија и 8% во САД. BA.2, позната како подваријанта „стелт“, го нема истиот ген. Наместо тоа, научниците го следат на ист начин како и претходните варијанти, вклучително и делта - со следење на бројот на вирусни геноми доставени до јавните бази на податоци како што е GISAID.
Некои рани извештаи сугерираат дека BA.2 може да биде уште позаразна од веќе високо заразната BA.1, но досега нема докази дека е поверојатно да ја избегне заштитата што ја обезбедува вакцината.
Данските здравствени власти проценуваат дека BA.2 може да биде 1,5 пати попренослив од BA.1, врз основа на прелиминарните податоци, иако е малку веројатно да предизвика тешка болест.
Во Англија, прелиминарната анализа на следењето на контактите од 27 декември до 11 јануари од страна на Националната агенција за здравствена безбедност сугерира дека преносот во домаќинството е поголем меѓу контактите на луѓето заразени со БА.2 (13,4%) во споредба со другите случаи на омикрон (10,3%) . Агенцијата не најде докази за разлика во ефективноста на вакцината.
