Стелт омикрон е подваријанта која се шири во северна Европа
Подваријанта на oмикрон именувана како стелт омикрон почна да се шири низ Европа.
Ја има во северна Европа, но и во Австрија. Подваријантата „Ба.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а а во Данска го потисна основниот сој „БА.1“ и стана доминантна. Се смета дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробива“ стекнатиот имунитет со претходно заболување или со вакцина. Омикрон се појави во Јужна Африка, а сега го има насекаде во светот.
Шефот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан изјави дека пандемијата на коронавирус може да заврши оваа година доколку брзо се решат проблемите со достапноста на вакцините и лековите.
Слично
