Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАВИЛ ОТРОВ ВО ХРАНАТА ВО ПРОДАВНИЦИТЕ: Полиција трага по сторителот

СТАВИЛ ОТРОВ ВО ХРАНАТА ВО ПРОДАВНИЦИТЕ:  Полиција трага по сторителот

Непознат маж ставал отровна супстанца во храна, вклучувајќи и храна за бебиња која се продава во супермаркетите во Германија, за да изнуди повеќе од еден милион евра, информираше денеска германската полиција.

Лицето испратило електронска пошта до полицијата откако ставило голема количина на отров во производи во супермаркетите на југот на Германија. Лицето се заканувало дека тоа ќе го направи и во други супермаркети низ државата, но и низ Европа.

Полицијата изјавила дека овие закани ги сфаќа сериозно, додавајќи дека за сега не бил пријавен ниту еден случај на труење. Властите ги предупредија потрошувачите да обрнат внимание на амбалажите на производите.

Полицијата пронашла храна за бебиња во која била ставен етилен гликол, безбојна течност без мирис кој се користи за производство на антифриз, кој при конзумација може да биде смртоносен.

Во Германија има зголемена контрола на храната во продавниците.

Слично

Поврзани вести