СТАВЕТЕ КРАЈ НА ОДЛОЖУВАЊАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА „СПУТНИК V“: Вакцината дава огромна заштита и против омикрон-водечкиот француски имунолог Сесил Черкински го повика Западот
Студијата што ја покажува ефикасноста на руската вакцина Спутник V и против варијантата омикрон значи дека регулаторите треба да ја забрзаат
неговата регистрација, вели врвниот научник, Сесил Черкински.
Пред речиси година и пол година, Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против корона вирусот, Спутник V, создадена од начучниците во Гамалеја Институтот во Москва. Сепак, и покрај тоа што е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји, вакцината треба да добие зелено светло од голем број главни регулатори, а поради тоа се забранува да се користи во поголемиот дел од светот.
По појавата на омикрон варијантата, францускиот имунолог, Черкински, изјави за РТ дека наодите на италијанско-рускиот труд, објавен во текот на овој месец, ја нагласија клучната улога што Спутник V може да ја игра во справувањето со Ковид-19 на глобално ниво.
Студијата, спроведена заеднички од италијанскиот Национален институт за инфективни болести Лазаро Спаланцани и рускиот центар Гамалеја, кој го разви Спутник V, покажа дека формулата значително ја зголемува заштитата од варијантата Омикрон кога се користи како бустер доза. Истовремено наодите од студијата исто така покажуваат дека Спутник V е 2,6 пати поефикасен од вакцината на Фајзер против новиот вид.
Черкински, кој работи како истражувачки директор на Институтот за молекуларна и клеточна фармакологија (IMCP), со седиште во научниот центар Софија-Антиполис на француската ривиера, оценува дека резултатите од студијата се „многу интересни и ветувачки“.
Според имунологот, научниците кои работеле на студијата додале и докази кои потврдуваат дека Спутник V произведува имунитет не само против оригиналниот Ковид-19, туку и против сојот Омикрон „на исто ниво, ако не и подобро, и веројатно подолго од другите вакцини“.
Друг клучен аспект за вакцината развиена во Гамалеја е тоа што може да се користи „не само како самостојна вакцина, туку и како бустер во комбинација со други вакцини“, вели Черкински.
За разлика од Фајзер и Модерна кои користат mRNA технологија, Спутник V е вакцина против аденовирусен вектор и тоа му дава уште една голема предност, тврди Черкински.
Аденовирусните векторски вакцини се постабилни и „најлесни за распоредување поради логистички причини“, објасни тој. Ова значи дека Спутник V може да им се стави на располагање на посиромашните земји кои едноставно не можат да си дозволат да добијат mRNA вакцини за своето население. Големиот опфат на имунизација е единствениот начин да се запре пандемијата, но досега помалку од половина од светската популација е вакцинирана, потсети научникот и довада дека затоа Спутник V е „премногу потребен во арсеналот вакцини што го имаме“.
Руската вакцина сè уште не е одобрена од Светската здравствена организација (СЗО) или Европската агенција за лекови на ЕУ (ЕМА), при што францускиот научник инсистира на тоа дека овие процеси „треба да се забрзаат“.
„Мислам дека на Спутник V не му требаат повеќе докази. Беше подложен на клинички испитувања во три фази, масовно е аплициран на десетици милиони луѓе. Значи, знаеме дека делува кај општата популација“, вели францускиот водечки имунолог Черкински.
