Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

По падот на карго авионот во Литванија, се огласија и од компанијата „ДХЛ“ од каде посочија дека паднатиот товарен авион управуван од нивниот партнер Свифтер извршил „принудно слетување“ во Литванија.

Како што е веќе објавено, едно лице загина во несреќата, додека четири се повредени.

„Можеме да потврдиме дека денес, околу 4:30 часот по средноевропско време, авион на Swiftair, управуван од сервисен партнер во име на DHL, изврши принудно слетување на околу еден километар од аеродромот VNO (Вилнус, Литванија) додека беше на пат од аеродромот LEJ (Лајпциг, Германија) до аеродромот VNO“, се вели во соопштението.

„Во авионот имаше вкупно четири лица. Статусот на екипажот се уште се разјаснува, но нашите мисли се со нив и нивните семејства. Причината за инцидентот засега е непозната, а истрагата е веќе во тек“.

Претходно, началникот на литванската полиција на прес конференција објави дека не може да се исклучи терористички напад како причина поради која товарен авион се урна рано утрово во близина на аеродромот во Вилнус.

„Тоа е една од верзиите што треба да се истражи и да се потврди. Има уште многу работа пред нас“, рече Арунас Паулаускас на прес-конференција.

Шефот на литванската спасувачка служба Ренатас Пожела на прес-конференција изјави дека авионот се урнал на неколку километри од аеродромот, се лизгал неколку стотини метри, а неговите остатоци погодиле двоспратна куќа. Авионот бил товарен авион кој летал за DHL кој полетал во Лајпциг во источна Германија.

„Куќата има два ката, четири стана, а таму живееле три семејства. Сите 12 жители се безбедни“, рече Пожела. 

Портпаролката на литванската спасувачка служба рече дека авионот бил целосно уништен од пожар предизвикан по уривањето. 


Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести