Стартуваше процесот за импичмент на Трамп
Сослушувањето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп денеска започна во Сенатот.
Седумте обвинители, закондоваци од Претставничкиот дом, ќе ги презентираат обвиненијата пред сенаторите, кои имаат улога на порота.
Судијата на Врховниот суд Џон Робертс ќе даде заклетва за извршување надзор на процесот, а потоа ќе се заколнат и сто членови на Сенатот.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, изјави дека при крајот на денешната седница ќе биде известена Белата куќа, за да се побара од претседателот да испрати негов советник кој треба да одговори на обвиненијата.
Главното сослушување ќе почне во вторник.
Судењето на претседателот не е кривичен процес, а не се кривични ниту потенцијалните казни.
Слично
