Стартува Mobile World Congress 2013, најголемиот саем за мобилни технологии
Директори и основачи на најважните играчи од индустријата за мобилна технологија ќе ги претстават своите последни достигнувања на најголемиот светски саем за мобилни технологии Mobile World Congress 2013 кој денеска започнува во Барселона.
Како и секоја година на овој Саем секоја година најголемите светски производители ги претставуваат најновите мобилни телефони, нови оперативни системи и мобилни решенија.
Под слоганот “Истражете го новиот мобилен хоризонт“ од 25 до 28 февруари во новиот објект Fira Gran Via, на 240 илјади квадратни метри што е за 50% повеќе од минатата година, ќе има доволно простор за сите заинтересирани за светот на мобилните технологии. Годинава се очекуваат 70 илјади посетители.
На Mobile World Congress 2013 ќе се претстават Сименс, Нокиа, АТ&Т, Дојче Телеком, Ериксон, Водафон, Телефоника и многу други телекомуникациски гиганти, кои ќе дебатираат за иднината на индустријата, за клауд технологиите, за иднината на комуникациите и за продорот на мобилните технологии и нивното алицирање во ралични дејности, како што се здравство и образование.
Учесниците на овој настан ќе имаат прилика да го следат и Mobile World Live TV каналот кој ќе се емитува во 100 хотели во Барселона во кои се сместени посетитетите на MWC.
Од содржините на настанот, App Planet е програма која се одржува четврта година по ред и ги спојува софтвер девелоперите од целиот свет, додека "mPowered Brands" ќе им послужи на сите оние кои сакаат да слушнат нешто за напредните техники на рекламирање и огласување. GSMA семинарите, пак, најмногу се концентрираат на поврзување на уредите, програмирање и развој на мобилната индустрија во последнава година.
Слично
