Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стартува EUROSUR – нов систем за контрола на границите во ЕУ

Стартува EUROSUR – нов систем за контрола на границите во ЕУ
Од денеска започна функционирањето на новиот систем за контрола на границите на ЕУ - EUROSUR . Првично во механизмот влегуваат 18 држави од Унијата, како Бугарија . Всушност во системот учествуваат периферните земји, но и оние што се дел од Шенген, како Норвешка . На втората фаза од развојот на EUROSUR, односно од 1 декември 2014 година ќе се вклучат и останатите земји од ЕУ . Целта на новиот систем е да се намали бројот на прекуграничните злосторства - трговијата со луѓе и дрога , како и укажување помош на имигрантите. За таа цел , преку системот ќе биде можна размена на информации помеѓу различни агенции , како и координирани мерки за спречување трагедии , како што се случи во близина на брегот на италијанскиот остров Лампедуза. Тогаш, на почетокот на октомври над 300 бегалци од Африка се удавија откако нивниот брод се преврте и потона. Во оваа фаза трошоците за EUROSUR се проценуваат на околу 244 милиони евра до 2020 година. Овие средства ќе бидат покриени целосно од постоечките европски програми. Со помош на новиот систем , од извештаите и разузнавачките податоци , собирани со хеликоптери и сателити , ќе биде создадена слики на состојбата во секоја држава , а ваквите податоци ќе бидат на располагање на сите гранични служби во заедницата. Анализите ќе бидат праќани на пограничната агенција на ЕУ - Frontex , која пак ќе подготви " европска слика за состојбите " . На овој начин полесно ќе бидат откривани промените во правците или новите методи кои ги користат криминалните групи . Земјите во EUROSUR ќе бидат обврзани да ги почитуваат човековите права , вклучувајќи и правилото да не ги враќаат луѓето во земји каде што има закана за животот или слободите, како и сите основни права на ЕУ .
Слично

Поврзани вести