Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАРЛИНК НА ИЛОН МАСК ОБЕЗБЕДУВА ИНТЕРНЕТ ЗА ИРАН: 100 сателити за помош на Иранците

СТАРЛИНК НА ИЛОН МАСК ОБЕЗБЕДУВА ИНТЕРНЕТ ЗА ИРАН: 100 сателити за помош на Иранците

Милјардерорт Илон Маск, извршен директор на SpaceX и Twitter, на својот Твитер профил објави дека користењето на сателитски интернет услуги во Иран е зголемено и дека околу 100 уреди Старлинк сега се активни во земјата.

„Се приближуваме до бројката од 100 активни сателити Старлинк во Иран“, напиша Маск на Твитер, како одговор на фотографиите на кои се гледаат Иранки како шетаат по улиците со непокриена коса, што е законски забрането во Иран, пренесува Anadolu Agency.

Маск претходно тврдеше дека сателитската широкопојасна услуга се обезбедува за да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до делови од интернетот, кои беа ограничени по протестите во земјата во последните три месеци.

Притоа, сателитите Старлинк ќе им овозможат на демонстрантите да комуницираат во Иран за време на протестите што избувнаа по смртта на Махса Амини, која беше приведена од моралната полиција и брутално претепана до смрт откако го прекршила исламскиот кодекс на облекување.

Старлинк моментално обезбедува пристап до Интернет од повеќе од 3.300 мали сателити во ниската орбита на Земјата во 45 земји.

Испораката на Старлинк на Иранците, како што тврди американскиот тајкун, е втор голем меѓународен настан во кој интервенира SpaceX оваа година.

Кога Русија ја нападна Украина во февруари, Старлинк почна да им служи на Украинците додека руските сили почнаа да ја гаѓаат инфраструктурата на нивната земја.


Слично

Поврзани вести