„Starbucks“ забрани пушење во радиус од 7 метри од објектот!
Иако класичната комбинација на кафе и цигари е длабоко вкоренета во модерната култура, синџирот кафетерии „Starbucks“ се чини нема намера да го продолжи овој тренд.
Во рестораните на „Starbucks“ не се пуши, но од 1 јуни компанијата воведува и забрана за пушење во радиус од 7,5 м од кафулињата, информира „Huffingtonpost“.
Забраната ќе важи за повеќето објекти на „Starbucks“ во САД и Канада. Од компанијата потврдија дека забраната ќе важи за околу 7 000 кафулиња, како за оние со маси на отворено, така и за оние кои ги немаат.
Забраната нема да важи за објектите на „Starbucks“, кои се наоѓаат во состав на трговските центри. Од раководството не очекуваат некаква посериозна негативна реакција кон „Starbucks“ поради забраната, иако има и незадоволни клиенти. Иако постои речиси целосна забрана за пушење во затворени простории во САД, забраната на пушењето на отворено сеуште е ново за Американците.
Слично
