Економија, финансии, бизнис

Контакт

Starbucks се пренасочува кон „чајните барови”

Starbucks се пренасочува кон „чајните барови”
Најголемиот синџир на кафулиња Starbucks, во центарот на Њујорк, во Горен Ист Саид, ја отвори првата чајџилница, соопшти компанијата, пренесува ИТАР -ТАСС. На крајот на минатата година Starbucks се здоби со Teavana за $ 620 милиони – мрежа од околу 300 специјализирани продавници за чај, кои обично се наоѓаат во големите трговски центри. Сега компанијата планира да се пренасочи и кон “чајните барови”, каде што ќе може, не само да се купат различни видови рефус чај, но и да се седне да се испие чаша од овој пијалок или да се земе по пат. Главниот извршен директор на Starbucks Хауард Шулц, истакна дека посетителите на кафулињата се почесто наместо кафе порачуваат чај. Треба да се напомене исто така, дека Starbucks е сопственик и на брендот чај Tazo, купен уште во 1999 година.
Слично

Поврзани вести