Starbucks ќе плати милијарди долари за да се раздели од доставувачот на кафе
Најголемиот синџир кафулиња во светот Starbucks ќе плати на Kraft Foods Inc . компензација од 2,7 милијарди долари , за да го раскине договорот за испорака на кафе . Од 1998 година Kraft Foods го снабдува синџирот со кафе кое се продава под брендот Starbucks , потсетува Reuters.
Starbucks го обвини Kraft Foods за бројни прекршувања на договорот , вклучувајќи и некоректно користење на брендот , а потоа во 2011 година го раскина договорот и стана клиент на Acosta Inc .
Според судот, сепак Starbucks ќе треба да плати 2,23 милијарди долари на Kraft како компензација за нанесените штети и 527 милиони долари камати до изрекување на пресудата и судски трошоци.
Слично
