Економија, финансии, бизнис

Контакт

Старата идеја во игра, сепак ќе се оданочуваат банкарските депозити во Кипар?!

Старата идеја во игра, сепак ќе се оданочуваат банкарските депозити во Кипар?!

Кипарската влада доцна синоќа го разгледуваше новиот „план Б“ за спас на земјата кој предвидува воведување данок на заштедите во кипарските банка поголеми од 100.000 евра во висина од 15 проценти. На состанокот присуствувале и меѓународните кредитори, пренесоа локалните медиуми.

Претходно Парламентот го отфрли владиниот предлог за даночна стапка од 9,9 отсто на сите банкарски депозити повисоки од 100.000 евра, но откако пропаднаа сите други обиди за обезбедување на неопходните средства за спас на кипарската економија, Владата во Никозија се враќа на старата идеја.

„Во тек се најсудбносните преговори во нашата историја. Секој ќе треба да плати одредена цена, но тоа ќе ни овозможи нов почеток“, нагласи владиниот извор кој побарал анонимност.

Слично

Поврзани вести