Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стапката на невработеност во еврозоната ќе достигне нов рекорд од 12,3 проценти

Стапката на невработеност во еврозоната ќе достигне нов рекорд од 12,3 проценти

Стапката на невработеност во еврозоната ќе достигне нов рекорд од 12,3 проценти на крајот на 2014 година, а младите луѓе и натаму ќе бидат најпогодени од немањето работни места, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).

Во документот се истакнуваат големите разлики меѓу членките на еврозоната, кои одат до крајности. Додека Грција и Шпанија имаат 28 отсто невработеност, во Германија едвај 5 проценти од работоспособното население е регистрирано како невработено.

Организацијата за економска соработка и развој до крајот на 2014 година очекува невработеноста во САД да падне под 7 проценти.

Генерално, просечната стапка на невработеност меѓу 34-те држави на ОЕЦД, во кои се најбогатите земји во светот, малку ќе се намали во следните 18 месеци, паѓајќи од 8 отсто во мај 2013 на 7,8 отсто на крајот во 2014 година.

Во моментов 48 милиони жители на земјите од ОЕЦД се без работа, што е за 16 милиони повеќе во споредба со 2007 година.

Слично

Поврзани вести