СТАПИ НА СИЛА ДИГИТАЛНИОТ КОВИД-СЕРТИФИКАТ: Брисел апелира да се дозволи влез само на целосно вакцинирани
Денеска, на
1.јули на територијата на Европската Унија стапи на сила ковид-сертификатот за вакцинација против корона вирусот,
со што при патувањата во рамки на Унијата преку QR-кодот дигитална форма на паметните телефони или во
хартиена форма, покажува дали патникот е вакциниран со една од вакцините
одобрени од ЕУ (БиоНТек/Фајзер, АстраЗенека, Модерна или Џонсон и Џонсон), дали
прележал ковид- 19 или има
негативен тест за корона вирус.
Сертификатот служи за да се избегне потребата од карантин и понатамошно тестирање за време на патувањето помеѓу 27 земји-членки на ЕУ и придружните европски земји.
Сепак, Брисел ги повикува сите земји-членки да дозволат влез само на целосно вакцинирани патници надвор од блокот или на оние со итни причини.
Но се предвидува дека сертификацијата на ЕУ „ќе има многу мало влијание врз европскиот туризам оваа година“, истакнувајќи дека „повеќето возрасни лица не се целосно вакцинирани, а луѓето и владите се повеќе претпазливи за варијантата делта“.
