Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАНУВААТ ПОСИЛНИ ОД АЛ КАЕДА: Исламската држава има 10.000 војници подготвени на сè!

СТАНУВААТ ПОСИЛНИ ОД АЛ КАЕДА: Исламската држава има 10.000 војници подготвени на сè!
Исламистичката терористичка група Исламска држава, која е во освојувачки поход во Ирак и Сирија, станува алтернатива на Ал Каеда, најпознатата терористичка организација во светот. Загрижувачки е што оваа организација го шири своето присуство и во други делови на светот, така што странските борци на ИСИЛ кои се враќаат во своите матични земји таму формираат терористички ќелии и регрутираат приврзаници за „светата војна“, предупредува висок претставник на американските разузнавачки служби за Си Ен Ен. Според проценките на разузнавачите, терористичката организација Исламска држава драстично се зголемила по бројност од пролетта кога го зазедоа ирачкиот град Мосул. Се тврди дека организацијата денес има околу 10.000 борци кои се подготвени да се борат за целите. Засега групата е фокусирана на освојување на Ирак, но само прашање е кога нивните освојувачки амбиции ќе поминат во пошироки граници, со што ИСИЛ дефинитивно ја засенува и Ал Каеда, велат разузнавачите. Групата добива се поголема поддршка и во Јемен и Африка, каде што дејствува паралелно со Ал Каеда. Советот за безбедност на ОН е пред усвојување на резолуција со која се бара разоружување и расформирање на сите групи поврзани со Ал Каеда, како и строго казнување на сите кои регрутираат и го финансираат заминувањето на џихадисти од други земји во Ирак и Сирија.  
Слично

Поврзани вести