Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТАНУВА СЕ ПОЛОШО: Индија регистрираше 401.993 нови случаи со коронавирус

СТАНУВА СЕ ПОЛОШО: Индија регистрираше 401.993 нови случаи со коронавирус

Епидемиолошката состојба во Индија станува се потешка. Земјата го премина и прагот од 400.000 случаи со коронавирус дневно. 

Индија има  401.993 нови случаи со коронавирус. Земјата ја почна масовната иминизација за сите возрасни лица. Смртните случаи од Ковид-19 скокнале за 3.523 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број во Индија се искачи на 211.853.  Најголемиот светски производител на вакцини сепак има ограничен број на дози.  Вакцинирани се само 9 проценти од граѓаните. Некои експерти велат дека масовните верски собири и политичките митинзи доведоа во ваква состојба. Вкупниот број на случаи со ковид во Индија надмина 19 милиони. Индискиот сој на вирусот го има во Европа, но и на Балканот. Австралиските државјани кои престојувале 14 дена во Индија пред планираното враќање во Австралија, ќе мораат да го одложат патувањето во својата земја бидејќи властите им забрануваат да се вратат.

Слично

Поврзани вести