Стандард и Пурс го зголеми кредитниот рејтинг на Португалија на стабилен
Американската агенција за кредитен рејтинг ја зголеми прогнозата на кредитниот рејтинг на Португалија од негативна на стабилна, поради поголемата поддршка на европските институции, но го задржа нејзиниот рејтинг на шпекулативно ниво ББ, информираат португалските медиуми.
Ова соопштение следеше само по два дена откако министрите за финансии на еврозоната одобрија на Ирска и Португалија продолжување на ромот за отплата на кредитите, добиени од ЕУ, ММФ и ЕЦБ.
Стандард и Пурс исто така очекува дека т.н. тројка на меѓународни кредитори може да овозможи на Лисабон повеќе флексибилност во исполнување на фискалните цели, со оглед дека економијата на земјата не зајакнала како што беше очекувано.
Слично
